Насоки за Барателите

Вовед

Целта на оваа проектна компонента е да се зголеми капацитетот на општините за подготовка на основни и покомплексни (инфраструктурни) развојни проекти коишто ќе бидат подготвени за финансирање од други извори. Општо, конкретните цели на Фондот за техничка документација се:

  • Да се зајакне општинскиот капацитет за изработка, финансирање и спроведување на квалитетни проекти за локален развој;
  • Да се обезбеди итно финансирање на оние општини кои имаат најголема потреба од проекти, во очекување на нови инструменти за финансирање на оваа цел;
  • Да се промовираат Индексот за општински развој и Целите за одржлив развој (ЦОР), како и индикаторите поврзани со нив, како елементи за планирање и спроведување на балансирани и одржливи политики и мерки за регионален и рурален развој;
  • Дополнително да се подобри квалитетот на животот на жените и мажите, пред сè во најмалку развиените општини и на најранливите социјални групи.
Преземи Документи

Критериуми за избор

Критериумите за избор на тоа како проектот да се финансира се повеќеслојни, истовремено земајќи ги предвид аспектите на: целниот ефект (ЦОР); родовите и други „хоризонтални“ аспекти; степенот на развој на општините (со примена на Индексот за општински развој), квалитетот на предложените проекти, одржливоста и социо-економското влијание. Изработката на техничка документација за основни инфраструктурни проекти се смета за приоритет во поглед на подобрување на квалитетот на животот во локалните заедници. Во формуларот за пријавување, треба да бидат опфатени сите критериуми со можност барателите да поднесат придружни документи. Ве молиме следете ги инструкциите за критериумите во документот со оперативни насоки.

Процес на селекција

Општините може да се пријават само со еден приоритетен проект во една од трите (3) главни групи: Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура, Социјална инфраструктура, Инфраструктура поврзана со животната средина, климатските промени и водата. Изборот на успешни барања ќе се врши преку објективна и транспарентна евалуација на барањата по разгледување на потребните придружни документи. Конечниот избор ќе биде објавен на веб страницата на проектот, откако ќе заврши процесот на евалуација. Во периодот на пријавување за повикот, потенцијалните баратели ќе имаат можност да постават прашања и да добијат појаснувања преку е-пошта.

Доделување и процес на спроведување

По затворањето на повикот за предлози, ќе се спроведе евалуација на пријавите за да се утврди ранг-листа на предлозите и да се види кои од нив ќе добијат финансиски средства. Избраните проекти што ќе добијат средства за подготовка ќе бидат јавно објавени. Евалуацијата ќе ја спроведе независна комисија за евалуација. Секоја општина треба да има систем на внатрешно мониторирање воспоставен за спроведување на проектот. Преносот на сопственоста се врши според процедурите на УНДП.