За Проектот

Проектот во кратки црти

Во ноември 2018 година, УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) го потпишаа Проектниот документ, со што се обележа почетокот на спроведувањето на Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“. Една од трите главни цели на овој проект е „да се дефинира, воспостави и да се управува со Фондот за техничка документација што ќе ги обезбеди финансиските ресурси коишто им се потребни на помалку развиените општини за да ги завршат неопходните подготвителни работи (вклучително и урбанистичките планови) за изработка на проекти со коишто ќе може да конкурираат за фондови од ЕУ, од државата или од други донатори, било преку директни грантови или со кредити со ниски каматни стапки.“

Исто така, од проектот се очекува да се креира индекс за општински развој, алатка заснована на докази којашто ќе им помогне на Владата, донаторите и другите засегнати страни при регионалната развојна политика да одредат кои се понеразвиените општини согласно групата индикатори, а врз основа на статистичките и другите официјално достапни податоци. Вклучувањето на родовите аспекти во главните текови ќе биде земено предвид во сите аспекти на спроведувањето на проектот, како и податоците расчленети по род, со цел да се идентификуваат разликите меѓу потребите и приоритетите на мажите и жените.

Check Icon

1 Милион $

расположливи средства
Check Icon

3 групи

на основни инфраструктурни проекти
Check Icon

30.11.2019

рок на пријава
Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура
Социјална инфраструктура
Инфраструктура поврзана со животна средина, климатските промени и водата

Индекс за општински развој

Во моментов, не постои сигурен инструмент за утврдување на точниот степен на социо-економски развој во 80-те општини на Северна Македонија, со цел тие меѓусебно да се споредат или постојано да се мери нивниот напредок при испораката на услуги на општинско ниво. За пополнување на овој јаз, УНДП го развива Индексот за општински развој (ИОР) врз основа на низа едноставни, објективни и лесно достапни индикатори, којшто овозможува да се испита ефикасноста и напредокот на 80-те општини во Северна Македонија во рамките на неколку релевантни развојни димензии. УНДП ќе го употреби индексот како еден од критериумите за одлучување околу тоа која општина ќе се финансира преку Фондот за технничка документација (ФТД). Со индексот, општините се поддржуваат да ги зголемат своите можности за финансирање на најважните инфраструктурни проекти. Целните корисници на индексот се низа креатори на политики, т.е. конкретно, Бирото за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и други независни тела како на пр., Заводот за статистика, донаторите и развојните организации, како и невладини и граѓански организации.

ИОР се потпира врз потцелите утврдени во Целите за одржлив развој (ЦОР). ЦОР се глобални и се користат за споредување на земјите преку низа меѓународно споредливи индикатори за 17-те цели – но нивните потцели се директно поврзани со надлежностите на локалните власти, т.е. конкретно со нивната улога во обезбедувањето основни услуги. „Локализирањето на ЦОР“ стана важен концепт во последниве неколку години, при што остварувањето на ЦОР ќе зависи од способноста на секоја земја да ги претвори во реалност на поднационално ниво, т.е. во општините и планските региони во случајот на Северна Македонија.

Функционална анализа на системот на локална самоуправа

Како дел од проектот, беше изработена функционална анализа на институционалната структура на Министерството за локална самоуправа (МЛС). Анализата дава неколку препораки кои ќе служат како основа за процесот на претстојните реформи. Се подразбира дека со ваквиот ангажман проектот ќе се поддржи во неговите напори да ги постави темелите за одржлива помош на УНДП за МЛС во планирањето и спроведувањето на реформите.

Фонд за техничка документација (ФТД)

Целта на Фондот за техничка документација е да се зголеми капацитетот на општините за подготовка на основни и покомплексни (инфраструктурни) развојни проекти коишто ќе бидат подготвени за финансирање од други извори. Конкретните цели на Фондот за техничка документација се:

  • Да се зајакне општинскиот капацитет за изработка, финансирање и спроведување на квалитетни проекти за локален развој;
  • Да се обезбеди итно финансирање на оние општини кои имаат најголема потреба од подготовка на развојни проекти, во очекување на нови инструменти за финансирање на оваа цел;
  • Да се промовираат Индексот за општински развој и Целите за одржлив развој (ЦОР) како и индикаторите поврзани со нив, како елементи за планирање и спроведување на балансирани и одржливи политики и мерки за регионален и рурален развој;
  • Дополнително да се подобри квалитетот на животот на жените и мажите, пред сѐ во најмалку развиените општини и на најранливите социјални групи.