Ве известуваме дека заврши постапката за евалуација на барањата за финансирање на изработка на проектна документација за инфраструктурни проекти организирана во рамките на Проектот за градење на општински капацитети за имплементација на проекти (BMCPI). Евалуацијата ја изврши шестчлена Комисија.
Во рамките на предвидениот рок (31.07.2020) поднесени беа барања од страна на вкупно 58 општини. Од поднесените апликации, 42 барања ги исполнија административните (елиминациски) критериуми, кои понатаму беа евалуирани согласно насоките за барателите (дел 2.3, табели 2-4).
16 од вкупно 58 пристигнати барања не ги исполнија во целост основните административни (елиминациски) критериуми објавени во насоките за барателите (дел 2.3, табела 1). Со оглед на тоа, истите не беа предмет на понатамошна евалуација.
За еден предлог проект да се квалификува за добивање финансиски средства, при евалуацијата мораше да освои минимум 55 поени (насоките за барателите, дел 2.3).
Од сите евалуирани 42 барања, 27 освоија повеќе од 55 бодови и се квалификуваа за добивање финансиски средства во рамките на овој втор Повик. Останатите 15 не го освоија минималниот потребен број на поени. За еден предлог проект да се квалификува за добивање финансиски средства, потребно беше да освои најмалку 55 поени (насоките за барателите, дел 2.3).
Од 27-те квалификувани барања предност им се дава на општините кои не добиле финансиски средства во првиот повик согласно насоките за барателите (дел 2.3 Евалуација и селекција на пријавите). Следствено, вкупно 16 од квалификуваните општини се земаат во предвид за финансиска поддршка.