Ве известуваме дека постапката за евалуација на барањата за финансирање на изработка на проектна документација за инфраструктурни проекти е завршена.
Во рамките на предвидениот рок за поднесување (30.11.2019), од страна на општините пристигнаа вкупно 67 барања.
Од поднесените апликации, 49 барања во целост ги исполнија административните (елиминациски) критериуми и беа евалуирани и соодветно бодирани согласно претходните насоки за барателите (дел 2.3, табели 2-4).
Вкупно 18 апликации не ги исполнија во целост основните административни (елиминациски) критериуми за погодност, кои се објавени во насоките за барателите (дел 2.3, табела 1). Со оглед на тоа, истите не беа земени предвид за натамошна евалуација.
За еден предлог проект да се квалификува за добивање финансиски средства, при евалуацијата мораше да освои минимум 55 поени (насоките за барателите, дел 2.3).
Од сите евалуирани 49 барања, 36 освоија повеќе од 55 бодови и се квалификуваа за добивање финансиски средства во рамките на овој прв повик. Останатите 13, заедно со сите други кои не ги исполнија административните критериуми, како и општините кои не поднесеоа апликација во оваа прилика, ставени се на листата на предлози за кои е потребна доработка и дополнително дефинирање на описот на проблемот и одржливоста на предложеното решение.
Со цел да бидат успешни во следната фаза на финансирање, УНДП ќе одржи посебно организирана работилница на која општините ќе се стекнат можност за добивање стручна помош за доработка на своите поднесени, но и нови предлог проекти.
Следната фаза на финансирање е планирана за средината од 2020 г. Работилницата ќе се одржи претходно, за што ќе следи дополнително известување на веб страницата.
Резултати од првиот повик Резултати од првиот повик на мапа