Најчесто поставувани прашања

Одговори на досега најчесто поставувани прашања

Прашања постаени во периодот 14-29 Јули

1. Општина Ново Село ќе аплицира со проект за изработка на техничка документација за изградба на прочистителна станица на фекално канализационен систем кој се гради во моментот во с. Ново Село. Во однос на избраната парцела за проектирање и изградба на прочистителната станица, парцелата е во државна сопственост и во локални стратешки документи е определена како парцела за прочистителна станица. Меѓутоа, парцелата е вон урбанистички план, па оттаму првин треба да се изработи, по новиот Закон за урбанистичко планирање, “Урбанистички проект“, а по стариот Закон беше „Проект за инфраструктура“.

Прашањето е дали, Фондот за техничка документација ќе финансира Урбанистички проект и Основен проект за прочистителна станица во иста проектна апликација?
Да, можно е, доколку се исполнети сите предуслви дефинирани во критериумите. Сепак, урбанистичкиот проект може да трае, а проектот е врзан со точно утврдени рокови и од таа причина постои и можност таквиот проект да биде одбиен, пред се заради фактот дека рокот на завршување на активностите на проектот истекува во јуни 2021, а постои ризик изработката на проектот да трае подолго.

2. Во однос на Индексот на развиеност на општините, дали може да добиеме појаснување што се подразбира под апсолутни и релативни вредности и генерални насоки за пополнување на индексот.
Индексот се работи на нормализирани податоци, односно најчесто се први анализа на вредности по жител, што е релативна вредност. Но општината не мора да пресметува релативна вредност туку да ги даде само апсолутните податоци, односно вкупната вредност, а потоа ние правиме релативна. Ве молам за конзистентност на одговорите, да наведете дека се тоа апсолутни вредности, и да нема никакво мешање на релативни и апсолутни.

3. Ве замолувам да ми доставите информација
  a. зошто Општина Чашка не успеа да ги добие потребните бодови во првата фаза, и
  b. дали може да се аплицира со истата потреба односно да се доработи апликацијата соодветно Вашите препораки и забелешки или е потребно да се оди со друга потреба на локалната самопурава.
Секоја Општина (барател) може да добие увид во документацијата од евалуацијата и резултатите по претходно барање. Можно е да се аплицира со иста апликација, но пожелно е да се земат во предвид укажувањата во смисла на критериумите и насоките за успешна апликација.

4. Дали образецот со податоци за индексот треба да се пополнува и за апликации од центрите за развој?
Да. Иако е наведено и означено со ѕвездичка, податоци за индексот треба да поднесат и центрите за развој за општините коишто ќе бидат опфатени со проектот заедно со проектната апликација. Секоја општина којашто ќе биде опфатена со проектот го пополнува образецот со податоци за индексот.

5.Општина Ранковце согласно насоките за аплицирање планира да аплицира за изработка на техничка документација за регулација на речни корита и водотеци во урбаните населени места како превенција од поплави согласн со Групата на „Мерки 3 Инфраструктура поврзана со животната средина и климатските промени и водите, односно точката 5. Реконструкција на речни корите и други мерки за заштита / управување со поплави. Дали е одржлива проектната идеја, бидејки ја нема во формуларот за аплицирање?
Да, тоа потпаѓа во групата 3, како што е наведено во формуларот.

6.Во делот за искуство на барателот, стои табела со вид на документација што треба да се потполни. Прашањето е – за што се однесува табелата, дали поединечно за секој реализиран проект треба да се наведе видот на документација што бил изготвен. И дали треба да се копира табелата за секој проект посебно?
Не е потребно да се копира табелата за секој проект. Табелата се однесува на искуството на барателот за имплементација на проектот.

7. Општина Струга сака да аплицира со проект за замена на азбестни цевки за водовод и прашањето е дали треба да се достави имотен лист за сите улици кај што ке се однесува проектот, поради тоа што тоа се многу имотни листови, а улиците се сите имот на Р.М.?
Општина Струга може да аплицира за реконструкција на водоводната мрежа, но во апликацијата пожелно е да се нагласи во кои делови од градот се планира реконструкцијата и со приближна должина на цевоводите. Во пракса – азбестните цевки не се вадат, затоа што во државата нема лиценцирана фирма за отстранување на азбест. Затоа подобро е да се остават постоечките, а новите цевоводи да се водат покрај нив. Но, сето тоа ќе биде нагласено во проектната задача и со препораки од Проектантот за начинот на имплементација за реконструкцијата на водоводната мрежа.

Што се однесува до имотните листи на парцелите, каде евентуално би поминувала трасата на новите цевоводи, нема потреба да се приложат со апликацијата, затоа што тоа ќе биде задача на избраниот Проектант да ја одреди најповолната траса во зависност од топографијата на теренот и катастарските парцели (да се идентификува евентуално на кои места се потребни времени експропријации на земјиште.

8. Ве молиме за одговор на прашањето дали Студија за јавен градски превоз е подобен проект за поддршка од Фондот за техничка документација.
Да.

9. Во Формуларот за Пријавување за фондот за техничка документација-втор повик под 3.Ниво на подготвеност на проектот (според достапната проектна документација) има листа на документи кои на пример се бараат, не се потебни, се во процес на изработка или веќе е подготвен. Е сега истите тие документи се побаруваат и во точка 5.Капацитет на барателот за спроведување под полето искуство на барателот. Дали да ги потполнуваме и тие како се бара, не е потребно, е во процес на изработка, веќе е подготвен или не треба ништо овде?
Потребно е да се пополнатат и двете полиња соодветно. НИво на подготвеност и капацитет на барателот се различни работи. Ниво на подготвеност треба да се наведе во која фаза е документацијата и предметното барање. А кај капацитет на барателот треба да се наведе со кој капацитет и какви ресурси располага општината за спроведување на проектот.

Одговори на изворно поставени прашања во периодот 28.06.2020 до 10.07.2020

1. Дали Основен проект за комплет инфраструктура во индустриска зона со опфат од 18 хектари би бил релевантен проект за аплицирање во вториот повик, со оглед дека првиот не ни беше доволно релевантен?
Да. Дозволено е да се поднесе апликација со барање за проект за комплетна инфраструктура во индустриска зона, но при пополнувањето на апликацијата, потребно е прецизно да се објасни зошто е приоритетен тој проект и како ќе се постигне одржливоста. При доставата на документацијата, потребно е да се обрне внимание на квалитетот на сите барани информации.

2. Дали е можно да ни ја доставите евалуацијата од првиот повик во која Општина Велес е во категоријата „не се квалификувала“, со цел да подготвиме поквалитетна апликација.
Доставата на евалуацијата се врши исклучиво на барање на општината/регионот. Увид на истата е дозволен во канцеларите на УНДП и со претходен договор за термин.

3. Општина Студеничани во првиот повик има 53.7 поени, Ве молиме да не известите дали може да се пријавиме во вториот повик со истиот проект или ќе има дополнително известување од Ваша страна?
Да, дозволено е.

4. Во делот “Проектна област / сектор / тип” каде се наведени три области со подточки во кој што ние треба да се најдеме со проектот за техничка документација, dали е задолжително да се најдеме во наведените подточки ( со цртички) или можеме да се пронајдеме во главната точка (1. комунална, транспортна и бизнис инфраструктура 2. социјална инфраструктура 3. инфраструктура поврзана со животната средина, климатските промени и водата). 
Пожелно е да се наведе подточка, доколку е можно што попрецизно да се дефинира областа.

5. Сакаме да поднесеме предлог проект со техничка документација за сообраќајно решение на цел град, кој како таква подточка не постои во делот Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура. Дали можеме да се надоврзиме само на главната област/сектор 1.Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура?
Да. Но точно да се наведе какво сообраќајно решение и кој е обемот на решавање. Со апликацијата пожелно е да се поднесат и сите подготвени и одобрени документи во фазата на идентификација на проектот (на пример идејни проекти, урабистички планови итн.) Внимавајте на времетраењето за подготовка на техничката документација.

6. Дали е можно да се одложи крајниот рок заради изборите?
Во моментов не е предвидено одложување или пролонгирање на рокот.

7. Дали може да се аплицира за проект за фекална канализација?
Да. Потребно е да се прикаже моменалната состојба и да се објасни посакуваната промена со реализација на проектот. Исто така, потребно е што подетално и поточно да се дефинира обемот на проектот (на пример приближна должина, дел од град/село/населено место, опис и скица на постоечка состојба – доколку има итн.)

8. Ве молиме да ни одговорите дали фондот поддржува техничка документација за катна гаража со чија изградба би се растоварило централното градско подрачје и би се прилагодило во пешачка и велосипедска зона согласно Планот за одржлива урбана мобилност на Општина Велес.
Фондот обезбедува средства за проекти кои според барателот се утврдиле како приоритет за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општината/регионот. Во оваа смисла, потребно е да се напомене дека при одлучувањето со кој предлог проект ќе се аплицира, барателот треба да ги вклучи граѓаните преку сите демократски механизми. Потребно е да се достават и што е можно повеќе квалитетни податоци за да се разбере целината на предлогот и информации кои го потркепуваат барањето, како на пример број на возила, број на пешаци, проекција за намалување на штетни емисии, статистички показатели за сообраќајот итн. Дополнителни информации се пожелни – на пример кој ќе управува и одржува проектот и дали е потребно да се подготви анализа за подобност на трошоците. (Cost benefit анализа).

9. Доколку една општина аплицира со истиот проект со кој има аплицирано на Првиот повик и за кој Советот на општината има донесено Одлука за овој проект, дали сека повторно и за Вториот повик треба да донесе Одлука за истиот проект или ќе важи претходната Одлука?
Не е забрането, но пред да се поднесе апликацијта, потребно е барателот да ги земе во предвид укажувањата и советите за подготовка на апликацијата. Доколку се одлучи да се оди со истата апликација, истата треба да биде дополнително разработена согласно насоките за барателите.

10. Дали во одлуката треба да се напише колкава сума може да кофинансира Општината?
Да, пожелно е да се достави висина на сумата до која општината е спремна да ко-финансира, во случај да биде одобрен проектот. Финансиските средства за реализација треба да бидат предвидени во буџетот за оваа или наредната година.

11. With what projects can the center for development apply (must these projects have a regional character) and can the municipalities apply for other projects if the center of development applies for a project in those municipalities.
Centers for development can apply with any project they will choose as a priority one. If the municipalities are part of a joint application, they cannot apply for different project additionally. Please refer to the guideline to check all the criteria while submitting your application.

12. Can we have information on previous applications (so as not to be repeated).
Yes, applicants can have the information on the previous applications. Detailed look into the evaluation is possible only upon prior meeting requirement and directly to UNDP MK office.

Прашања и одговори од регионалните центри:

1. Дали во проектот што ќе го аплицира регионален центар, може да се аплицира за изработка на повеќе технички документации (во рамките на буџетот) за активнсоти на територијата на повеќе општини од регионот ? (пр. во проектот да се аплицира за неколку различни, неповрзани меѓусебе улици, во повеќе општини од регионот).
Да, доколку постои целина на проект, дозволено е да се аплицира. Потребно е јасно и детално да се објасни обемот за проектирање поврзаноста и одржливоста.

2. Дали во проектот што ќе го аплицира регионален центар може да се аплицира за различен тип на технички документации (пр., елаборат, градежен проект за улица, градежен проек за водовод… итн) или во проектот што ќе го аплицира регионалните центар мора да бидат технички документации (доколку се повеќе) од ист тип? (пр 1. технички документации за неколку улици во регионот; пр. 2 технички документации за неколку училишта во регионот)?
Доколку има поврзаност и целина, дозволено е да се аплицира за проектирање технички документации од ист тип, но детално да се опшие обемот за проектирање.

3. Дали корисници можат да бидат институции како Национален Парк или Национална институција Завод и Музеј?
Доколку реализацијата на проектот е во име на повисоки регионални цели, и доколку се утврди како приоритет на ниво на сите општини, корисник може да биде и некое Јавно претпријатие, а во искучителни ситуации и институции како Завод или Музеј, но потребно е претходно да се објасни поврзаноста, релевантноста и одржливоста – и пред се, како што е детално објаснето во Насоките на барателите – приоритетот. Исто така детално да се наведе обемот за проектирање.

4. Дали за проценка на вредноста на проектите треба да се достави некоја документација (пр.понуди, истражување на пазар или слично) или вредноста се одредува од минати исти или слични искуства?
Не е задолжително, но секако е пожелно што поточно да се утврди вредноста на проектот (подготовка на техничка документација и изведбени работи на проектот) со цел да може да се процени вкупната вредност на реализација.

5. Кој и кога се одредува дали средствата се доволни за изработка на бараните техники документации или ќе биде потребно кофинансирање?
Согласно процедурите за работа на УНДП, средствата за изработка на техничка документација се утврдува преку објавува на повик за набавка на услуги (тендер). По завршувањето на процесот, доколку е потребно ко-финансирање, се бара од Општините или од Регионите да достават одлука за точната сума потребна да се финансира реализацијата на проектот.

Одговори на поставени прашања во првиот повик

1. Дали може веќе изготвена техничка документација да биде поднесена како предлог проект и за истата да се бара повраток на средствата (рефундирање)?
Не е дозволено.

2. Дали постои урнек за одлуката дека проектот е поминат на Општинскиот совет?
Не постои урнек, може да се достави одлуката во скенирана верзија или во форма која сметате дека ги задоволува барањата.

3. Дали ќе се примаат документи по истекот на рокот?
Не. По истекот на рокот нема да се примаат дополнителни документи, освен во исклучителни ситуации коишто претходно се елаборирани.

4. Дали Општината ќе потпише договор за кофинансирање доколку се надмине прагот?
Да, доколку проектот е одбран за реализација, УНДП и барателот ќе потпишат меморандум во кој ќе се утврдат правата и обрвските на сите вклучени страни.

5. Кој ќе ги изведува проектите?
По завршувањето на рокот и одбирањето на проектите за реализација, преку процес на набавка УНДП ќе склучи договор со компании кои ќе бидат задолжени за изработка на техничката документација.

6. Дали мора да се организира Општински форум?
Не е задолжително, но пожелно е предлог-проектот да помине низ Општински форум на заедницата и граѓаните да бидат консултирани. Во некои случаи имало претходно организирани Форуми на заедниците, кои ги разгледувале прашањата опфатени во апликацијата. Општините можат да ги искористат современите медиуми на комуникација со граѓаните за да го добијат нивното мислење за приоритетите на општината, како што се електронски форуми на веб страните или други онлајн алатки.

7. Дали може да се аплицира за проект под 10.000,00?
За изработка на техничка документација, пожелно е апликациите да се во проценета вредност од најмалку 10.000,00 долари, но доколку проектот предлага решение на проблем и зголемување на квалитет на живот на група граѓани, комитетот ќе има право да одобри финансирање на проект и под утврдениот минимум.

8. Зошто толку значење и бодови се придава на делот одржливост и родова еднаквост?
Родовата еднаквост е еден од предусловите за демократска, инклузивна и ефективна локална самоуправа. Единиците на локалната самоуправа се најблиску до животот и потребите на граѓаните, обезбедуваат суштински услуги и имаат многу да понудат за да овозможат родова рамноправност и еднаквост на сите жители. Принципот на еднакво учество на жените и мажите во процесите на одлучување во локалната самоуправа е од клучно значење за постигнување на тоа одлуките и распределените средства да бидат релевантни за условите на живот и потребите на жените, мажите, девојчињата и момчињата. Проектот „Градење на капацитети во општините за имплементација на пректи“ го рефлектира приоритетот за родова еднаквост и преку начинот на бодување на проектните аопликации, во степен за кој веруваме дека нема да биде ограничувачки фактор, туку мотивација и ова прашање да се земе во предвид при составување на апликацијата.

9. Дали е доволно да се поднесе претходна Одлука за стратешки развој каде е наведен како приоритет проектот за кој се бара техничка документација?
Да, доволно е.

10. Колку ќе трае процесот на одлучување?
Процесот на одлука трае 30 дена од завршување на крајниот рок на повикот.

11. Како да ја процениме вредноста на проектот?
Пожелно е цената на проектот да биде колку што е возожно пореална и за тоа можете да се консултирате со компаниите кои изработуваат таква техничка документација.

12. Дали проектот може да опфати повеќе улици во една населба?
Да, доколку се поврзани, но треба да се образложи како сочинуваат една целина и го подобруваат животот на граѓаните.

13. Дали е подобна апликација за 3 или повеќе различни улици кои пристапуваат кон едно училиште?
Да, нивната поврзаност и како тоа влијае на подобрување на заедницата треба добро да се образложи.

14. Дали Фондот ќе поддржува претходно изработени технички документации, пример за канализациска мрежа?
Да, доколку таа документација побарува да се ревидира или преработи одново, согласно формулираниот проблем.

15. Дали е подобна апликацијата за реконструкција на регионален пат кој минува низ населеното место, а која во себе ги вклулчува:
а) изградба на колектор за атмосферска вода,
б) за фекална канализација,
в) улично осветлување и
г) тротоари?
ДА, и таквите апликации се пожелни. Треба да се образложи добро како таа целина ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните во населеното место.

16. Дали е подобна апликација за Дом на култура?
Да, тоа спаѓа во групата социјална инфраструктура, исто како и обнова на објекти од културно-историска вредност.

17. Дали се подобни проекти за велосипедска патека, излетнички места, пешачки мостови итн?
Да, но потребно е образложение дека таквиот проект е приоритет во моментот.

18. Дали е подобна апликација за повеќе улици во едно населено место?
Проектот треба да прави една целина и ако не се поврзани треба добро да се елаборира.

19. Дали може да се аплицира за изработка на проект за булевар со сите вклучени фази?
ДА

20. Кога ќе знаеме дали сме избрани?
3 до 4 недели по завршување на рокот за пријавување.

21. Дали е подобен проект за гасификација на општината?
ДА

22. Дали подобен проект за третман на отпадни води кој вклучува изградба на цевовод и прочистителен систем, се во едно барање?
ДА

23. Дали Јавно претрпијатие може да аплицира?
Да, но пријавата мора да е пополнета од Општината како барател.

24. Што значи Build back better принципот?
Објектите кои се предмет на техничката документација

25. Што значи целина на проект?
Целина на проектот значи дека при креирање на предлогот, треба да се земе во предвид поголемата слика и како тој предлог во целост ќе влија да го подобри животот во Општината.

Прашања и одговори произлезени од работилниците 11 и 12 Јуни 2020

1. До каде е процесот со започнување на реализацијата на одобрените проекти од првиот повик? Дали општините кои имаат одобрени проекти од првиот повик имаат право да учествуваат и во вториот повик?
Процесот со одобрените проекти е започнат и е во тек. Од 36 Општини, за повеќето постапката за тендерирање е или во тек или завршена. Оние кои имаат одобрено прокет во првиот повик имаат право да учествуваат и во вториот повик.

2. Дали проектна документација за уредување на урбан простор, како што е парк, центар на помало населено место припаѓа во категоријата на социјална инфраструктура?
Да. Социјална инфраструктура опфаќа објекти и институции кои допринесуваат за подобар социјален живот на граѓаните и граѓанките во општините.

3. Дали општините кои испратиле податоци за индексот во првиот повик ќе треба на вториот повик да испратат повторно?
Да. Податоците од индексот се важни за креирање на политики на развој. Потребно е податоците да се испраќаат редовно, не само заради апликацијата, туку заради обезбедување дата база на информации кои помагаат да се донесат важни одлуки во коирст на општината и квалитетот на живот на граѓаните. Квалитетот и релевантноста на индексот е во директна зависност од квалитетот на податоци обезбедени на локално ниво.Важни се податоците за 2018 и 2019 год, не и 2017. Податоците се користат за мерење на нивото на развој и квалитет на услуги кон граѓаните. Низ нив се утврдува оправданоста за инвестирање во конкретната област, а со предложената апликација. Оправданоста се гледа низ моменталната состојба споредена со другите општини, но и можноста резултатот од проектот да придонесе кон видливо подобрување на тој резултат низ годините.

4.Рековте дека целта на програмата е да им помогне на помалку развиените општини. Дали тоа значи дека немаат исти шанси сите?
“Leave no one behind (LONB)” или „Да не се оставиме никого зад нас„ е цел кон која се насочени голем дел од активностите од проектот. Целта на проектот е да придонесе кон рамномерен регионален развој и што повеќе да овозможи намалување на разликите. Но тоа не значи дека останатите немаат шанси, напротив, сите апликанти имаат шанси да добијат финансирање во зависност од квалитетот на предложениот проект и секако од приоритетните потреби на животот на граѓаните во општините.

5. Дали на овој повик ќе има известување до апликантите со објаснување за евалуацијата затоа што тоа е единствениот практичен начин да ги подобриме апликациите.
Да. Системот на евалуација е објавен транспаретно. Секој апликант има право и лично да се изврши увид на начинот на евалуирање.

6. Изјави за имотно превните односи: доколку се работи за систем за гасификација дали ќе треба изјави од сите парцели кадешто се планира да биде трасата за гасификација и каков тип на изјави?
Имотно правните пречки преставуваат пречка за навремено завршување на проектот, кој е врзан со стриктно утврдени рокови и датуми. Оттука, потребно е да се приложи сета документација која е достапна за да се утврди временската рамка потребна за реализација на проектот. Потенцијалните проблеми од овој тип може да бидат причина за одбивање на апликацијата.

7. Дали може да се комбинира предлог проект за изработка на техничка документација за транспорт и комунална инфраструктура за излетничко место?
Да, со упатство да се следат препораките за утврдување на приоритетен проект.

8. Дали може да се аплицира за мост односно надвозник над пруга што би поврзувал населено место, каде што досега не постои рампа и не е безбеден сообраќајот.
Да. Треба да се образложи проблемот детално и да се приложат информации за бројот на корисници, докази за како ќе се зголеми безбедноста и сл.

9. Дали може да се изработи урбанистички план за туристичка населба?
Да, возможно е под условите наведени во препораките за аплицирање.

10. Дали целата сума на проектот е ист како претhодниот повик?
Вкупната сума на средства на располагање изнесува 1 милион долари.

11. Дали може да се аплицира за излетничко (туристичко) место кое не регистрирано во соодветен регистар?
Не. За да може да се разгледува проектниот предлог, потребно е да се прикаже копија од имотен лист.

12. Дали доколку општината учествива во проект со Планскиот регион, ќе може и самостојно да аплицира?
Секоја општина може да поднесе САМО ЕДНА пријава, без разлика дали е поединечна или во партнерство со друга општина(и). Меѓутоа ова не важи за пријавите поднесени од Регионалните центри. Ова значи дека општината може да поднесе сопствена ИЛИ меѓуопштинска партнерска пријава, и во исто време да биде наведена како корисник во пријава поднесена од Регионалниот центар. Регионалните центри можат да поднесат САМО ЕДНА пријава, без разлика на бројот на општини во планскиот регион.

13. Дали може општината да аплицира со еден проект, а Јавното претпријатие со друг каде општината исто ќе биде потпишана?
Пожелно е да се утврди приоритетниот проект во заедничка комуникација меѓу општината и ЈП. Едиствено општините и планските региони се потписници на пријавата, но Јавното претпријатие може да биде краен корисник.

14. Колку е фондот со кој се располага за еден проект, колку проекти ќе може да се поддржат?
Фондот за изработка на техничка документација по проект изнесува максимално 30.000 долари. Може да се поддржи еден проект.

15. На кој начин ќе можат планинските региони да аплицираат?
Начинот на аплицирање ќе биде детално обајснет преку критериумите прикажани во повикот и во насоките за аплицирање.

16.  Колку е максималниот буџет за еден проект доколку имаме партнерство со две или три општини?
Максималната сума што може да се распредели по општина изнесува 30.000 долари. Оваа сума може да се удвои или утрои во случај на заедничка апликација.

17. Дали може да се аплицира со проект за спортска сала, доколку таква нема?
Да. Се охрабруваат општините да аплицираат со проекти за кои се смета дека се приоритетни и кои ги нема. Потребно е да се приложат докази за тоа дека не постои друга сала.

18. Во првиот повик многу малку беа дадени податоци и насоки како да го поплниме Индекост за општински развој, дали ќе може овој пат да ставите на веб страница насоки или упатство за пополнување на Индексот?
Да. Сепак, упатство за пополнување има во самиот документ, а претходно се одржани и три работилници за начините на пополнување на индексот. Сепак, доколку има проблем или нејаснотии при пополнувањето, може да се обратите на емаилот даден за прашања.

19. Како ја проверувате релевантноста на податоците за индексот?
Бодовите кои се добиваат по тој основ се значителни.
Постои утвердена методологија и механизам за проверка на валидноста на податоците. Иако тоа претсавува обврска на подносителот на податоците, УНДП и консултантскиот тим кои го изработи индексот ја проверуваат релевантноста на податоците.

20. Дали може да се аплицира и за техничка документација на проект кој е усвоен на регионални форуми?
Да.

21. Дали се финансира само проектирање или и изведба на готови технички документации?
Фондот за техничка документација финансира изработка само на техничка документација, а не изведба.

22. Не ли е излишна подобноста на регионалните центри како апликанти, доколку општините смеат да аплицираат само на еден проект?
Планските региони и општините се подобни да аплицираат во вториот повик. Правилото на еден проект е важно за да се одбере приоритетната потреба, но постојат проекти кои се протегаат на територија на повеќе општини и оттука планските региони, преку заедничка координација со сите општини, имаат можност да детектираат основни потреби на граѓаните во неколку општини. Целта е да се овозможи простор за предлог проекти од покрупен карактер за еден цел регион.

23. Дали ќе биде прифатлива апликацијата доколку има проект за реконструкција и изградба на два објекти кои се на различна парцела, а дел од иста проектна идеа.
Да, возможно е, но само доколку постои целина и поврзаност во проектниот предлог која ја објаснува потребата од таква интервенција.

Насоки за барателите

Подготовка на локални развојни проекти за финансирање од национални и меѓународни фондови за развој.

Насоки
ПРЕЗЕМИ ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Alternative text here