Најчесто поставувани прашања

Одговори на досега најчесто поставувани прашања

Прашања од општини по однос на Првиот повик за финансирање на техничка докуметација

1. Прашање: Дали општина со нешто повеќе од 25,000 жители согласно последниот попис може да се аплицира за мали грантови?
Одговор: По исклучок, се прифаќа општините со број на жители околу 25,000 да можат да аплицираат за мали проекти/грантови (до 30,000 американски долари)

2. Прашање: Дали општините кои добија грант во првата фаза ке бидат со помал приоритет во рангирањето во однос на општините кои не добија грант во правта фаза?
Одговор: Сите општини кои добија грант во претходната фаза, може повторно да аплицираат на тековниот повик. Доделувањето на грантовите во претходната фаза на Проектот нема да има влијание врз изборот на грантови за оваа фаза.

3. Прашање: Дали се прифаќа изјава од градоначалник за кофинансирање, доколку нема одлука на Совет?
Одговор: Доколку во моментот на аплицирање, не постои одлука на Советот, истото нема да биде причина за елиминирање на апликацијата. Во таков случај, доволна ќе биде потпишана изјава од градоначалникот или директорот на соодветниот центар за развој на планскиот регион. Одлуките на советите, доколку им се потребни на самите баратели на грант, може да се обезбедат подоцна во текот на процесот на евалуација на апликациите.

4. Прашање: Дали објект кој би содржел простории за социјални и здравствени услуги, гимнастичка сала, куглана, деловен простор и сместувачки капацитет е подобен за апликација.
Одговор: Доколку приоритетна/примарна дејност на проектот е обезбедување на социјални, здравствени и други јавни услуги, тогаш истиот може да се прифати како релевантен повеќенаменски објект. За да се зголеми веројатноста истиот да биде финансиран, пожелно е проектот да биде со вграден пристап кон услуги за лица со посебни потреби. Намената на објектот треба да биде соодветно опишана во согласност со категориите/типовите на релевантни проекти за Првиот повик (Табела 2 од Повикот). Доколку станува збор исклучително за спортски објект (сала), освен ако не е за потребите на училишта (како корисници или управители), тогаш истите не се прифаќаат за финансирање во рамките на овој повик.

5. Прашање: Кои документи се потребни за аплицирање?
Одговор: Потребните документи за аплицирање се наведени во Листата за проверка во рамките на Анекс 1 на Повикот (Формулар за поднесување на барањето на грант).

6. Прашање: Дали една општина може со едно барање да аплицира за проектна документација за изградба на објекти во различни населени места во рамките на општината?
Одговор: Во рамките на една апликација се прифаќа да бидат опфатени проекти од различна категорија и тип на повеќе локации доколу одделните проекти ги исполнуваат барањата по однос на релевантност (Табела 2 од Повикот) и другите општи барања.

7. Прашање: Дали со повикот се прифаќаат проекти за спортско-рекреативни комплекси кои би се граделе од нула?
Одговор: Со повикот не се предвидува поддршка на проекти за спортски сали доколку тие не се користат или управуваат од страна на училишта. Од друга страна, повикот предвидува можност за проекти кои вклучуваат уредување и подобрување на јавни повеќенаменски простори (на пр., спорт, рекреација, семејни и социјални активности).
Доколку предложениот проект вклучува уредување на јавни повеќенаменски простори, а исто така предвидува повеќенаменски објект кој може да се користи од страна на училишта, тогаш истиот може да се прифати за финансирање. За да се зголеми веројатноста за финансирање, пожелно е проектот да вклучува и дополнителни аспекти кои произлегуваат од релеватните категории/типови на проекти од Табела 2 од повикот.
Проектот може да биде за реконструкција/надградба на постоен објект, или изградба на нов објект.

8.  Прашање: Дали е потребна одлука за утврдување на приоритетите и одлука за кофинансирање на проект донесена од страна на совет?
Одговор: Постоењето на одлука од Совет за утврдување на приоритет од проектот не е задолжителна. Сепак, доколку постои, истата би резултирала со повисоки поени при евалуацијата. Исто така, предложениот проект би бил повисоко евалуаиран ако произлегува од претходно усвоен план или програма, или истиот е дефиниран во рамките на партиципативен процес (на пр., во рамките на форуми на заедниците). Овие аспекти треба да бидат опфатени во формуларот за аплицирање.

9. Прашање: Дали доколку една општина аплицира самостојно за голем проект, и се јавува како корисник во апликација од плански регион, притоа може да учествува во кофинансирањето во вториот случај?
Одговор: Да

10. Прашање: Дали при пресметка на буџетот на проектот за конкретен основен проект за објект од висока градба да се водиме од тарифникот за инжинерски услуги?
Одговор: Планирањето на буџетот треба да биде врз основа на претпоставката дека ќе се изработува висококвалитетна и комплетна техничка документација. Специфичните барања за квалитет ќе бидат вклучени во соодветните Проектни задачи кои што општините/центрите ќе ги изработат со поддршка на надворешни експерти. Тоа ќе се направи на начин да се избегнат негативните ефекти од изборот на проектанти на принцип на најниска цена.

Тарифникот може да се користи како ориентација, но нема да постои обврска од страна на УНДП истиот да се користи при реализацијата на средствата од грантот. Доколку примената на тарифникот постане законска обврска за добитниците на грант согласно домашната регулатива, тогаш проектот ќе се усогласи со неговата примена. Сепак, и во ваков случај, нема да има промени на условите на повикот по однос на максималната вредност на грантовите.

Се препорачува при поготовка на буџетот да се користат експерти за проценка на ангажман на проектанти (проектански денови по сите потребни фази на подготовка) со цел да се постигне најдобар квалитет за крајниот резултат.

Најдобрите меѓународни практитки за пресметка на проектантски/консултантски услуги ја следат следната методологија:

1. Чекор 1 – Пресметка на трошоци за работна рака (консултантски/проектантски трошоци)

Број на проектанти со Овластување А за проектирање (по сите фази пооделно) х број на денови х единечна цена (денари/ден) = Трошоци за работна рака за проектанти со Овластување А

Број на проектанти со Овластување Б за проектирање (по сите фази пооделно) х број на денови х единечна цена (денари/ден) = Трошоци за работна рака за проектанти со Овластување Б

Вкупни трошоци за работна рака = Трошоци за работна рака за проектанти со Овластување А + Трошоци за работна рака за проектанти со Овластување Б

2. Чекор 2 – Пресметка на трошоци за испитувања на терен :

Вкупни трошоци за испитувања на терен = Трошоци за Геодетски снимања + Трошоци за геомеханички испитувања + Трошоци за хидролошки испитувања + други трошоци за испитувања на терен

3. Чекор 3 – Пресметка на Други директни трошоци (ДДТ)

Вкупно ДДТ = Трошоци за транспорт (вкупно km х денари/km) + Трошоци за податоци/дозволи потребни за проектирање + трошоци за комуникации (телефон, извешаи итн) + трошоци за копирање на техничка документација + друго

4. Чекор 4 – Пресметка на маржа за проектантска фирма (процентуални трошоци за: струја, вода, кирија, администативни трошоци, процент за плати за персонал кој не учесвува во подготовка на техничката документација , итн)

Маржа = 30 – 35% х (Вкупни трошоци за работна рака + Вкупни трошоци за испитувања на терен + Вкупно ДДТ)

5. Чекор 5 – Пресметка на Профит за проектантската фирма

Профит = 10-15% х ( Вкупни трошоци за работна рака + Вкупни трошоци за испитувања на терен + ДДТ + Маржа)

ВКУПНО Проценка на Буџет за проектантски/консултантски услуги = Вкупни трошоци за работна рака + Вкупни трошоци за испитувања на терен + Вкупни Други Директни Трошоци (ДДТ) + Маржа + профит

11. Прашање: Дали студија и комплетна техничка документација за згрижување на кучиња скитници е тоа подобен проект?
Одговор: Проекти за згрижување на кучиња скитници се прифаќаат како релевентни во рамките на повикот.

12. Прашање: Кој е вкупниот нето износ на средства што барателите на грант може да го обезбедат од страна на УНДП?
Одговор: Повикот го дефинира максималниот нето грант што може да се уплати од страна на УНДП и тоа 30,000 УСД за мали проекти/грантови и 70,000 УСД за големи проекти/грантови (според курсот на УСД-МКД дефиниран од страна на УНДП на денот на потпишување на договорите за грант).

Практично, можно се две сценарија за финансирање и тоа:

  1. Вредноста на набавката за проектирање да биде еднаква или пониска од максималната вредност на грантот
  2.  Вредноста на набаваката да биде повисока од максималната вредност на грантот

Во првиот случај, добитникот на грант ќе финансира најмалку 20% од вредноста на проектирањето, а остатокот на средствата до вредноста на договорот за проектирање ќе го финансира УНДП. На тој начин, добитникот на грант ќе добие помала од максималната вредност на грантот.

Во вториот случај, УНДП ќе го префрли вкупниот износ на грантот (30,000 или 70,000 УСД), а останатите трошоци до вкупната вредност на договорот за проектирање ќе ги покрие добитникот (или добитниците) на грантот. Во овој случај добитникот/ците на грант треба да кофинансираат повеќе од 20% од вредноста на грантот.

13. Прашање: Од досегашно искуство за да проектна документација биде навистина применлива за аплицирање кај донатор да се води сметка да се земат во предвид сите фази при подготовка на проектна документација
Одговор: Тоа ќе биде случај со овој повик. Идејата е да се добие висококвалитетна комплетна техничка документација. За таа цел, надворешна помош ќе биде обезбедена од страна на тим на експерти/тренери од различни аспекти на градежните проекти. Насоките за обезбедувањето на висококвалитетна документација (на пр., преку изработка на квалитетни Проектни задачи) ќе бидат дадени во Прирачник кој ќе произлезе од заедничката работа на проекто.

14. Прашање: Дали на постоечка површина предвидена со ДУП каде е предвидено изградба на Боемски парк што ќе биде во функција на граѓаните од урбана заедница може да изработат проект како ќе изгледа?
Одговор: Во општ случај, доколку предложениот проект вклучува комбинација на индивидуални интервенции/објекти кои може да се вбројат во релевантните категории/типови на проекти од Табела 2, тогаш истиот ќе биде прифатен за релевантен. Проект кој вклучува „Уредување и подобрување на јавни повеќенаменски простори за различен тип на социјални активности“ се смета релевантен за финансирање.

15. Прашање: Дали може да се аплицира проект за реконструкција на веке постоечки спортско рекреативен центар (градски базен, тениски игралишта, голф терени и др.)
Одговор: Само доколку истиот се користи или се управува од страна на училиште, согласно предвиденото во Табела 2 од повикот.

16. Прашање: Дали може да се аплицира со повеќе предлог проекти од една општина и тие посебно да се евалуираат од ваша страна, или треба само еднен предлог проект да се испрати од општина
Одговор: Една општина може да аплицира само со еден проект. Сепак, не постои пречка општината да биде дел од друг меѓуопштински или регионален проект.

17. Прашање: Дали во случај ако аплицират две партнерски општини, техничката документација да се однесува на еден заеднички проект како на пр. изградба на пат, или може да биде изработка на техничка документација за исти проекти
Одговор: Во најдобар случај, проектите од партнерски општини треба да бидат тематски сродни (на пр., патна или хидротехничка инфраструктура) или функционално порзани (на пр., патно поврзување помеѓу две или повеќе општини). Ваквиот тип на проекти ќе бидат повисоко оценувани.

Доколку тоа не е случај, односно ако проектите не се сродни или функционално поврзани, сепак потребно е барем да имаат заеднички стратешки цели од општинските стратешки или акциони документи (на пример: во економски, инфраструктурен, образовен или социјален развој).

18. Прашање: Сакаме да аплицираме за техничка документација за изградба на културен дом. Новиот ДУП е во фаза на носење и каде е предвидена маркица за изградба на културен дом. дали се финансира ваква техничка документација? И дали е проблем што ДУП ќе биде донесен до средината на годината.
Одговор: Усвојување, носење на ДУП-ови или други стратешки документи и/или решавање на имотно-правни односи може да трае долго време. Од тие причини апликацијата за подршка при изработка на техничка документација мора да докаже дека сите стратешки документи (вклучувајки и ДУП) се усвоени, и нема никакви имотно-правни спорови или отворени прашања за реализација на предложениот проект.

19. Прашање: Дали апликација треба да биде поврзана со резултатите од првата фаза на проектот, односно да претставува континуитет на мерките утврдени во претходно изработена Физибилити студија?
Одговор: Новиот проект може, но не мора да биде поврзан со претходно изработената техничка документација со поддршка на проектот (на пр., физибилити студија или идеен проект).

20. Прашање: Дали може само 1 општина да аплицира или мора проектот да биде меѓуопштински?
Одговор: Проектот може да биде поднесен од страна на една општина или да биде меѓуопштински/регионален.

21. Прашање: Дали може во рамките на повикот да се аплицира за детски парк / игралиште / мултифункционална зона?
Одговор: Да, доколку проектот може да се дефинира согласно категориите/типовите проекти дефинирани во Табела 2, на пример во овој случај „Уредување и подобрување на јавни повеќенаменски простори (на пр., спорт, рекреација, семејни и социјални активности)“

22. Прашање: Дали да се фокусираме на поголеми проекти или помали проекти за кои реално би имало можност за аплицирање и обезбедување на средства (место цело водоводна мрежа – да се опфати само дел/крак)?
Одговор: Проектите треба да бидат димензионирани според достапниот/максималниот буџет за грантови обезбеден од страна на проектот и можноста за сопствено финансирање.

23. Прашање: Кога општините ќе носат одлуки за кофинансирање, дали мора да го наведат името на проектот од каде што е Повикот или може да е општа одлука за кофинансирање
Одговор: Одлуката може да биде на име на самиот проект или во форма на општа поддршка за учество во активностите поврзани со Фондот за техничка документација и повикот за обезбедување на грантови.

24. Прашање: Во делот на енергетска ефикасност, кои објекти во општината се подобни?
Одговор: Јавни објекти од каков било тип (на пр., училишта, општински згради, комунални претпријатија). Средствата не можат да се користат за поддршка на енергетска ефикасност во објекти од приватна сопственост.

25. Прашање: Дали може да се аплицира за иста документација како во претходниот повик (веќе изработена), па со ново аплицирање да се корегира согласно новите цени на пазарот, услови итн.
Одговор: Не се прифаќаат апликации за повторна изработка или доработка на постојна техничка документација веќе поддржана од страна на проектот на УНДП во рамките на претходните повици. Доколку техничката документација е изработена од друг извор на финансирање и истата се смета за недоволно квалитетна или несоодветна, тогаш може да се бара финансирање во рамките на овој повик.

26. Дали е прифатливо консултанска куќа или невладина организација од странство (на пр., Шведска) да бидe партнер на општина во врска со овој повик ?
Одговор: Надворешни експерти може да бидат вклучени како поддршка на барателите на грант во пополнувањето на апликацијата. Во оваа фаза евентуалното вакво вклучување би било на трошок на самите баратели на грант.

По добивањето на грантот, доколку избраниот добитник на грант има потреба од меѓународна стручна помош во изработка на техничката документација, тогаш истото ќе може да се обезбеди во рамките на договорните услуги со избраната фирма-проектант (не во постапка на директно ангажирање на меѓународната стручна помош). За таа цел, соодветни барања за меѓународна стручна помош ќе бидат вклучени во соодветната Проектна задача која добитникот на грант би ја искористил за спроведување на тендерската постапка.

27. Доколку се аплицира за проектна документација за изградба на линиски инфраструктурни проекти мора да има техничка документација (затоа се аплицира) за да имаме чисти имотно правни прашања (Нивното решавање би било по проектирањето). Дали може да се приложат изјави од сопствениците дека нема да прават проблеми?
Одговор: Иако по законот за градба и локалната пракса имотно – правните односи (пр. експропријација) вообичаено се решаваат во текот на градба или по изведбата на градежните работи, но пред примопредавањето на објектите, препорака е процесот (согласно Законот за сопственост и други стварни права и Законот за Експропријација) да отпочне истовремено со подготовка на Основниот(ите) проект(и), а веднаш по добивањето позитивен Извештај од извршена ревизија на Урбанистистичкиот проект, односно „Геодетски елаборат со нумерички податоци за недвижноста(ите)“.

Затоа, покрај изјавите/согласностите од сопствениците на недвижен имот, потребна е изјава и од градоначалникот на општината, дека ќе ги подготви сите потребни документи според член 26 од Законот за експропријација и поднесе до органот за експропријација, пред издавање на одобрениото за градба.

28. Дали може да се аплицира за техничка документација за различни села или различни градски населби?
Одговор: Да. Во рамките на една апликација може да вклучат проекти на повеќе локации доколку сите одделни проекти се во согласност со категориите/типовите на проекти од Табела 2 и доколку трошокот за проектирањето ќе биде во рамките на достапниот буџет.

29. Дали добитниците на грант ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ на добиените средства?
Одговор: Со оглед на тоа што станува збор за донаторски средства, истите се ослободени од ДДВ. УНДП ќе потпише договори со општините чии проекти ќе бидат одобрени. Врз основа на договорите, општините ќе може соодветно да ги регистрираат проектите и ослободат од плаќање на ДДВ.

30. Дали во рамките на проектот може да се аплицира со проекти за гасоводи, топловоди и друга слична инфраструктура?
Одговор: Ваков тип на проекти не се релевантни по однос на овој повик и нема да се прифаќаат.

31. Дали може да бараме набавка на две топлотни пумпи Daikin за поставување во две подрачни училишта?
Одговор: Во рамките на овој повик не може да се аплицира за добивање на опрема. Единствено може да се поднесе апликација за подготовка на соодветна техничка документација (на пр., за изработка на Основен проект за загревање на училишта со топлотни пумпи).

Со Основниот проект ќе се офатат повеќе фази (машинство, електро и др.) во рамките на кои ќе бидат вклучени и спецификациите за потребната опрема (капацитет, моќност, инсталирана снага итн). Тоа ќе обезбеди основа Општините понатаму да објават оглас за набавка на опрема преку други извори на финансирање (не овој повик на УНДП).

32. Дали треба да ви доставиме само каталог на пумпи кои ги бараме (што треба да доставиме заедно со апликацијата)?
Одговор: Не, затоа што типот и спецификациите на пумпите мора да произлезат од техничката документација. Вообичаено е при набавка на опрема да не се наведува производител.

33. Дали за проекти за кои немаат активен ДУП во склоп на техничката документација може да се предвиди и подготовка на ДУП?
Одговор: Не, во рамките на повикот не постои можност за подготовка на ДУП-ови или ГУП-ови.

34. При постапка за изработка на основен проект за регионална водоводна мрежа која ја извршувале два различни оператори, за дел има основен проект, за дел е изработен идеен проект, но и за двете нема одобрение. Дали може да се аплицира на овој повик за целата документација што е изработена да се спои и да се добие еден единствен основен проект?
Одговор: Предложениот проект може да се прифати во рамките на овој повик. Но, доколку е потребна фазна имплементација (изведба) на проектот (регионална водоводна мрежа), тогаш во апликацијата треба да се посочи дека е потребно да се изготват посебни Основни проекти (со сите инженерски фази) кои ќе ја отсликуваат фазната имплементација.

35. Дали ослободувањето од ДДВ важи и за делот од средствата за кофинансирање дали и тие се ослободени од ДДВ?
Одговор: Во принцип ослободувањето од пкаќање на ДДВ важи само за донаторските средства. Обврска на добитниците на грант е да го регулираат ова прашање согласно важечката регулатива во државата.

36. Доколку кај Проектот со кој сакаме да аплицираме се јави потреба од решавање на имотно-правни односи, истите може да се решат во тек на неговата реализција. Дали може градоначалникот да даде изјава дека доколку се појави потреба за експропијација на земјиштете истата ќе биде решена или треба истата да биде решена во тек на поднесување на самата апликација?
Одговор: Доколку проектниот опсег офаќа линиска инфраструктура (на пр., пат, водовод, канализација), приватните имоти се евидентираат и нумерички се дефинираат со Урбанистичкиот проект (Геодетски елаборат со нумерички податоци за недвижноста(ите)) и доволна е изјава од градоначалникот дека општината ќе ги подготви и поднесе сите потребни документи согласно Законот за експропријација. Со други зборови, не е потребно да бидат решени имотно – правните прашања пред поднесување на апликацијата.

Ако проектниот опсег вклучува високоградба и е на приватен имот, или објектот е во приватна сопственост, тогаш потребна(и) е изјава од сопственикот(иците) и Градоначалникот на општината.

37. Дали е прифатливо во една апликација да се бара изработка на техничка документација за два различни објекти, кои секако ги има во Табела 2 од повикот, во две различни категории, на пример реконструкција на улица и изградба на детска градинка? Бидејќи станува збор за поголема општина износот би се вклопил во максималниот износ од 70.000 УСД.
Одговор: Комбинирањето на проекти во една апликација од една општина е можно доколку истите се сродни (на пр., хидротехнички градби или јавни објекти), или доколку се функционално поврзани. Наведениот случај на комбинација на разнородни и неповрзани објекти не се прифаќа.

Вакво комбинирање на разнородни објекти може да се прифати кога апликацијата е резултат на меѓуопштинска соработка (две или повеќе партнерски општини). Сепак, дури и кога ова е случај, потребно е барем да имаат заеднички стратешки цели од општинските стратешки или акциони документи (на пример: во економски, инфраструктурен, образовен или социјален развој).

38. Во проектната апликација во делот на Изјава за ангажирање на стручни лица – дали се лица од
општините кои ќе раководат со проектот?
Одговор: Да, станува збор за лица од општината и/или соодветниот центар за регионален развој кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот. Тоа се лицата кои ќе се вклучат во изработка на Проектните задачи и понатамошната реализација на проектот со поддршка на стручните лица ангажрани од самите добитници на грант (проектантите) и УНДП (ревидентите и другите инженери-обучувачи).

39. Во проектната апликација во делот на Проектна задача, дали треба да се пополни или може да се прескокне?
Одговор: Во апликацијата потребно е да се наведе само дали постои претходна Проектна задача за предложениот проект. Инаку, самата Проектна задача ќе се изработува со поддршка на стручни лица ангажирани од страна на УНДП по доделувањето на грантот.

40. Дали при подготовка на апликацијата може да се ангажираат експертите на УНДП?
Одговор: За да се избегне ситуација на конфликт на интереси, експертите ангажирани од страна УНДП за овој проект не може да се ангажираат од општините или од центрите како поддршка на подготовка на апликациите.

41. Каков тип на проекти да се наведат во делот 5 од апликацијата – дали само проекти за проектирање/ревизија или и проекти за изведба?
Одговор: Приоритетно да се наведат проектите кои што вклучувале проектирање (на различно ниво – идеен, основен, изведбен проект), ревизија на вакви проекти, како и изработка на физибилити студии за инфраструктурни објекти и сл. Проекти за изведба може да се наведат ако како дел од проектот изработувана е соодветна техничка документација (на пр., проект на изведена состојба) во кој што биле вклучени претставници на општината.

42. Што означува број за идентификација во барањето за грант?
Одговор: Станува збор за интерен идентификационен број што ќе го назначи УНДП и не треба да се пополнува од страна на барателите на грант

Насоки за барателите

Подготовка на локални развојни проекти за финансирање од национални и меѓународни фондови за развој.

Насоки
ПРЕЗЕМИ ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Alternative text here